7 мај, 2024
ПочетнаСВЕТОва е видеото од нападот во Брисел: Убиецот се возел со скутер,...

Ова е видеото од нападот во Брисел: Убиецот се возел со скутер, па ладнокрвно убивал луѓе

Две лица загинаа во престрелка што се случи вечерва во центарот на Брисел, а според медиумите и двете жртви носеле шведски фудбалски дресови, во пресрет на натпреварот од квалификациите за ЕУРО на оваа земја против Белгија вечерва во главниот град.

Белгиски HLN јавува дека, според сведоштвата, напаѓачот извикал „Алах акбар“.

Исто така, весникot Судинфо наведува дека еден од напаѓачите во престрелката во Брисел извикал „Алах акбар“ и од својот скутер пукал со оружје слично на калашников. Носеше кацига и флуоресцентен елек. Двете жртви носеа дресови со шведски бои, веројатно во врска со фудбалскиот натпревар на „црвените ѓаволи“ кој се игра вечерва во Брисел против Шведска.

Според нив, во престрелката загинале две лица, а напаѓачите побегнале. Според сигурни извори, едно лице било застрелано во влезниот хол, додека други две биле застрелани во таксито.

Исто така, се појавија аматерски снимки на кои, наводно, се слушаат истрели и се гледа како напаѓачот ладнокрвно се оддалечува по пукањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП