6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКолкави се пензиите во регионот, а колкави во Европа

Колкави се пензиите во регионот, а колкави во Европа

Пензиите во регионот

И додека просечната пензија од 800 евра во Словенија е конкурентна со онаа на Европската унија, остатокот од Западен Балкан заостанува далеку. Тоа важи и за Хрватска, членка на ЕУ, каде просечната пензија е двојно пониска од Словенија – 388 евра.

Црногорските пензионери по најновите зголемувања на пензиите добиваат во просек по 359 евра месечно.

Податоците кај нас покажуваат дека просечната пензија во земјава сега изнесува 311 евра, што исто така претставува значително зголемување во последните неколку години.

Во Србија просечната пензија изнесува 323 евра.

Пензионерите во Босна и Херцеговина имаат најниски примања во регионот – во просек добиваат по 294 евра месечно.

Треба да се напомене дека во практиката, особено во земјите од регионот, просечната пензија не е вистински приказ на состојбата на терен. Многу голем дел од повозрасната популација добива минимални пензии, кои по правило се значително пониски од просечните, додека просекот го „поправаат“ многу помал број од оние кои примаат повисоки пензии.

Пензии во Европа

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција и Италија. Иако во издвојувањата за пензии се вклучени и оние за инвалидски или наследени пензии, сепак староста зазема најголем процент. Кај земјите од регионот, распределбите за пензии се релативно еднакви ако се гледа процентот од БДП на земјата.

Бројките за просечните пензии на другите земји, исто така, покажуваат дека процентот на распределба не мора да значи и повисоки пензии. Така, пензионер во Норвешка добива просечна пензија од речиси 1.800 евра, додека државата издвојува околу 10,5 отсто од БДП; францускиот пензионер има пензија која е повеќе од двојно пониска (833 евра), а државата издвојува значително повеќе јавни пари за пензии. Австралија со најмало издвојување народни пари на своите пензионери во просек им плаќа над 1.300 евра.

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.

Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Погледот на пензиските системи на Европа и светот дава увид во тоа колку се помали приходите на пензионерите во регионот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП