8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМешана салата 30 денари, чорба 60, копан со ориз 100: Објавен ценовникот...

Мешана салата 30 денари, чорба 60, копан со ориз 100: Објавен ценовникот од владиниот ресторан

Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, вели дека има смрзнати цени во владините бифеа наместо во продавниците.

„Убаво си ги пишува цените за дневното мени. Пред да се затрчаат за лажни вести, нека го видат датумот, 12 октомври, извор СОЗР! Може да нема омлет со свинско, ама тука е порција омлет со пилешко! Народот се турка за корка леб, а Ковачевски, Груби, Бујар, Спасовски, Стани Цаци си сркаат пилешка чорба за 60 денари, вртат на виљушка омлет со свинско за 65 денари. Може и сланина на скара за 110 или вешалица од свинско каре за 135 денари. Некој нека најде копан со ориз за 100 денари, грав со сланина за 150 денари, тост со свински врат 75 денари на друго место освен во влада за министрите“, вели Стоилковски.

Како што посочува тој, не верува дека некаде се јаде по овие цени, во болница или во студентски дом.

„Или Битиќи, оној што убедуваше за перки од ајкули, па поскапи сè, може да се заблажи со тулумба или штрудла со тиква за 30 денари. Со овие цени, појадок, ручек и вечера за функционери доаѓа околу 250 денари. Чорба за појадок, готвено за ручек, тост за вечера“, дополнува Стоилковски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП