28 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНАСА лансираше вселенско летало до астероидот богат со редок метал

НАСА лансираше вселенско летало до астероидот богат со редок метал

Вселенското летало Psyche на НАСА полета на шестгодишно патување до реткиот астероид покриен со метал.

Ова е прва истражување за метално небесно тело, бидејќи повеќето астероиди се составени од карпи или мраз, објави АП.

Научниците веруваат дека тие можеби се оштетени остатоци од јадрото на раната планета и би можеле да фрлат светлина врз недостапните центри на Земјата и другите карпести планети.

SpaceX го лансираше леталото на облачното утринско небо од вселенскиот центар Кенеди на НАСА.
Именуван по астероид кој брзо се движи, се очекува Psyche да стигне до џиновскиот објект во облик на компир во 2029 година.

Еден час подоцна, леталото успешно се одвои од горната етапа на ракетата.

По децении посета на далечните светови направени од карпи, мраз и гас, НАСА е решена да продолжи да ги истражува небесните тела обложени со метал.

Од деветте досега откриени астероиди богати со метал, Psyche е најголемиот, кој орбитира околу сонцето во надворешниот дел на главниот астероиден појас помеѓу Марс и Јупитер, заедно со милиони други вселенски карпи.

Откриен е во 1852 година и го добил името по божицата на душата од грчката митологија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП