ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемен бројот на странски туристи во земјава

Зголемен бројот на странски туристи во земјава

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во август 2023 година изнесува 216 872, од кои 52.9 % се домашни туристи, а 47.1 % се странски туристи.

Бројот на ноќевањата во август 2023 година изнесува 877 138, од кои 75.2 % се од домашните туристи, а 24.8 % од странските туристи.

Во периодот јануари – август 2023 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 22.0 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 0.4 %, а кај странските има зголемување за 42.4 %.

Во периодот јануари – август 2023 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 9.6 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 1.2 %, а кај странските има зголемување за 25.5 %.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП