„Унгарија нема да дозволи никакви собири за поддршка на терористичките организации“, изјави утрово унгарскиот премиер Виктор Орбан на јавното радио, додавајќи дека сите унгарски граѓани треба да се чувствуваат безбедно, без разлика на нивната вера или потекло.
„Шокантно е тоа што симпатизери на терористите се држат низ цела Европа“, рече Орбан, пренесе Ројтерс.

