29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманските потрошувачи се повеќе оптимистични

Германските потрошувачи се повеќе оптимистични

germany1

Довербата на потрошувачите во Германија закрепнува благодарение на зголемениот оптимизам, дека најголемата европска економија го помина најлошото од должничката криза, покажа истражувањето на институтот ГФК.

Индексот кој ги мери очекувањата на германските потрошувачи за месец февруари се искачи на 5,8 поени, од 5,7 поени колку што изнесуваше во јануари, се наведува во соопштението. Тоа е неговиот прв раст за три месеци.

Од ГФК предупредуваат на остро подобрување на очекувањата на потрошувачите во однос на приходите и нивната зголемена подготвеност за купување. Тие велат дека, исто така, подобрени се и нивните очекувања во врска со состојбата на економијата.

„Моменталниот мир на финансиските пазари, на Германците им влева безбедност на почетокот на оваа година“, се наведува во соопштението.

ГФК го составува извештајот за доверба на потрошувачите врз основа на анкета во која учествуваат околу 2.000 домаќинства. Испитаниците одговараат на прашања за очекувањата поврзани со платите и економијата во целина за наредниот месец, како и за подготвеноста за купување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП