2 мај, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАВладата доби последна шанса да ги тргне рацете од контролата на летање!

Владата доби последна шанса да ги тргне рацете од контролата на летање!

По повеќе од пет часа преговори властите ги убедија контролорите на летање да го одложат штрајкот. Контролорите на летање добија ветување дека во периодот што следи институцијата во која што работат ќе го врати достоинството преку вработување на професионалци и модернизирање на технологијата со која тие дејствуваат. Преговорите вчера попладне започнале околу 17 часот а завршија по 22 часот.

И денеска скопскиот и аеродромот во Охрид функционираат како и секој ден. Штрајкот кој беше најавен од страна на Контгролата за летање е одложен. Надлежните од министерството за транспорт и врски по неколкучасовни преговори со синдикатот на контролорите на летање се договорија дека со забрзано темпо ќе се работи на реализирање на нивните барања. Партизацијата на Македонската навигација мора да запре, децидни се синдикалците.

„До сега прифаќавме ветувања, прифаќавме и работи за кои се сомневавме дека ќе ги изреализираат, за жал се се сведе на тоа дека ние даваме шанса за да не дојде до штрајк и нешто да се направи во позитивна насока, а од друга страна дел од управниот одбор ја злоупотребија таа ситуација и тоа направи огромем револт кај нашето членство. Ние бараме и кадар, тука е и главната проблематика за која сега се застана и е проблем кој не може да се надмине бидејќи ние инсистираме се додека не се реализира студијата која што ја баравме за анализата за бројот и потребата на вработени и профил на лица кои треба да ги има во службите, а тоа ќе влијае врз професионализација на службите“, велат од Синдикатот на контолата на летање.

Од синдикатот додаваат дека тоа што е битно е дека контролорите на летање и инжињери засега нема вработено под сомнителни околности, од причина на тоа што тие не се кадар кој се подготвени да преземат ризици, и да парираат на стручноста која се бара на тоа работно место. Но тие се добро платени, а од друга страна не ги извршуваат своите задачи, а голем дел и не доаѓаат на работа, само се појавуваат ќе се пријават и ќе си отидат, а таква слобода во некои од службите како контрола на летање не може да ја имаат, објаснуваат синдикалците.

Од Министерството за транспорт и врски соопштија дека во периодот што следи ќе се обидат да одговорат на сите барања на контролорите за летање.

„Продолжуваме со заеднички координации да работиме за целосно реализирање на превземените обврски од двете страни. Се согласивме да работиме на подигање на нивото на транспарентноста за сите прашања, се до изработката на студијата која ќе ги даде идните правци за развој на претпријатието. Со ова ја информираме јавноста дека штрајкот ќе биде одложен, со цел давање на простор за надминување на отворените прашања“, соопштија синоќа од Министерството за транспорт и врски.

Инаку, штрајкот на контролата за летање се предвидуваше за денеска, но и секој следен четврток да нема полетување и слетување од период од 11 до 17 часот на скопскиот и охридскиот аеродром. Тој дел од авио сообраќајот ќе биде во целосен прекин, а од аспект на авионите кои што не прелетуваат тој ќе биде намален за околу 50 проценти.

Контролорите за летање не се жалат на нивната висина на платата, само сакаат да им се врати професоналната институција во која што работат со години. Според информациите, вработените во Србија во контролата на летање била далеку позади Македонија во однос на платите, сега платите таму биле повисоки за два и пол пати, бугарската плата е три пати поголема, а хрватските и словенските се далеку повисоки од овие погоре наведените. Контролорите потенцираат дека доколку се доведе компанијата во ред, во тој случај кога би работеле само професионалци, и работите многу подобро се извршуваат, платите сами по себе ќе се зголемуваат. Тоа е компанија која не се финансира од буџетот на државата туку пари добиваат од авио компании кои ја прелетуваат земјава, и ако се дава квалитетна услуга парите неминовно ќе растат, и ќе се трошат наменски во М-НАВ, во спротивно ако дел остануваат неискористени истите треба да се вратат на авиокомпаниите.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП