4 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАМаск беше „повикан“ поради дезинформации; Тој брзо одговори: Merci beaucoup

Маск беше „повикан“ поради дезинформации; Тој брзо одговори: Merci beaucoup

Брисел го обвини американскиот милијардер Илон Маск за ширење дезинформации и незаконски содржини за израелско-палестинскиот конфликт преку неговата социјална мрежа Х.

Имено, европскиот комесар за внатрешен пазар, Тиери Бретон, испрати писмо до Маск, во кое наведува дека поранешната мрежа Твитер шири „незаконски содржини и дезинформации“ во врска со милитантната група Хамас и војната, која беснее веќе петти ден. Тој го повика Маск да преземе контрамерки во согласност со новите правила на ЕУ.

Бретон рече дека има индикации дека Х се користи за ширење нелегални содржини и дезинформации во ЕУ, но не кажа за каква дезинформација станува збор.

Не чекаше долго и доби одговор од Маск, кој на својот профил на истата социјална мрежа изјави дека политиката на Х е отвореност.

„Нашата политика е да се задржи сè со отворен код и транспарентно, пристап за кој разбирам дека ЕУ го поддржува. Ве молиме наведете ги прекршувањата на кои се повикувате на платформата X за да може јавноста да ги види“, напиша Маск, коментирајќи го писмото на европскиот комесар.

Маск, исто така, побара да се наведат прекршувањата на кои укажува Бретон за „јавноста да може да ги види“ и додаде на француски „Merci beaucoup“(многу ви благодарам).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП