Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр.10/2023 за долгови доспеани до 30.06.2023 и неплатени до 30.09.2023 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.
На Листата на должници бр.10/2023 објавени се 1783 должници – правни лица (повеќе за 49 од претходната листа) и 3629 физички лица (повеќе за 253 од претходната листа).

