4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Готвам за 2.000 евра месечно, немам никакви трошоци“ – Борче од Струга...

„Готвам за 2.000 евра месечно, немам никакви трошоци“ – Борче од Струга ја раскажува својата приказна

Секоја година, илјадници Македонци заминуваат од својата земја во потрага по подобри работни услови и плати во странство. Една од најпопуларните дестинации за нив е Хрватска, земја којашто има голема потреба од квалификувана работна сила во различни сектори, особено во угостителството.

Хрватска е една од најпривлечните земји за македонските работници, кои можат многу лесно и едноставно да пронајдат работа како келнери, готвачи, чистачи, рецепционери, аниматори…
Некои од нив одат само за сезонска работа, која трае од мај до октомври, а некои одат со цел да останат подолго или трајно.

За разлика од други земји во Европската Унија, Хрватска им овозможува на македонските граѓани да работат без да им биде потребна виза или работна дозвола.

Еден од нив е и 38-годишниот Борче Перески од Струга, кој веќе неколку години работи како готвач во ресторан во Дубровник.

Тој вели дека се запознал со хрватската култура и јазик и дека се чувствува прифатен и почитуван од општеството, пријателите и колегите.

„Задоволен сум од работата и од платата тука. Работам 8 часа на ден, а имам и слободно време за да уживам во природата и морето. Платата ми е околу 2.000 евра месечно, што е многу повеќе од она што можев да заработам во Македонија. Иако Дубровник е многу скап град, сепак јас не ја чувствувам скапотијата, бидејќи имам бесплатно сместување и храна, а и можам да ја користам вежбалницата и базенот на хотелот каде што работам. Многу често се случува месечно да заштедам и 1.500 евра, а тоа не се малку пари”, раскажува Перески.

Тој додава дека не планира да се врати во Македонија за скоро време и дека им препорачува на своите пријатели и роднини да се обидат да најдат работа во Хрватска.

„Јас мислам дека ова е добра можност за сите кои сакаат да имаат подобар живот и да работат во пријатна атмосфера. Хрватите се дружељубиви и гостопримливи луѓе и не прават разлика меѓу нас и нив. Се чувствувам како дома”, заклучи Перески.

Просечната нето-плата во Хрватска е 1.122 евра, додека просечната бруто-плата е 1.547 евра, покажуваат податоците на словенечкиот Завод за статистика.

Таму просечната стапка на невработеност е 5,6 проценти.

Б.З.М.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП