3 мај, 2024
ПочетнаСВЕТШарл Мишел: Амбициозните земји кандидати можат да се приклучат на ЕУ до...

Шарл Мишел: Амбициозните земји кандидати можат да се приклучат на ЕУ до 2030 година

Треба да го видиме вистинскиот напредок на земјите кандидати за членство во Европската унија (ЕУ) и доколку се амбициозни и сакаат да бидат подготвени, можат да бидат таму до 2030 година, изјави вечерва претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

На прес-конференција во рамки на самитот на Европската политичка заедница во Гранада, тој истакна дека подеднакво е важно земјите од ЕУ да бидат подготвени за проширување и дека одложувањето мора да се прекине, особено сега, кога има војна во Украина.

Мораме да допреме до оние кои сакаат да ни се придружат и да им кажеме дека сме сериозни, рече Мишел.

Тој нагласи дека земјите кандидати на Балканот мора да престанат да се чувствуваат како ЕУ да ги игнорира и како да се заборавени речиси 20 години.

Ако напредокот е видлив, одредувањето на датумот е всушност охрабрување за тие земји да работат, да се реформираат и да бидат подготвени, а тоа е од геополитичко значење и за Европа, рече Мишел.

Тој заклучи дека проширувањето на ЕУ значи создавање на Европа која ќе биде постабилна и побезбедна во иднина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП