Скопје и со постојната инфраструктура со двете топлани и без кој било цевковод може да се снабдува со топлинска енергија и ќе нема никаков проблем. Да не се шири фама дека Скопје би останало без топлинска енергија, изјави првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски, за монтирањето на новиот топловод под мостот „Беласица“.
„Поентата на сето тоа е што повеќе топлинска енергија да ни дојде од ТЕ-ТО за да ги намалиме трошоците на целиот систем. ТЕ-ТО е важен оти ни дава топлинска енергија, која е за два и пол-трипати пониска од цената на топланите во градот Скопје“, рече Бислимоски. Регулаторната комисија инсистира тоа да биде со многу пониски трошоци и уверува дека нема да отстапат од таа цел.

