28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД забележаа најнизок трговски дефицит во последните три години

САД забележаа најнизок трговски дефицит во последните три години

Трговскиот дефицит на САД се намали на 58,3 милијарди долари во август од 64,7 милијарди долари во јули, објави американското биро за економски анализи (BEA). Тоа е најнискиот трговски дефицит на САД од септември 2020 година.

Вредноста на извозот во август изнесува 256 милијарди долари, за 4,1 милијарди повеќе отколку во јули, соопшти БЕА.

Месечен пораст на извозот е забележан на горива, фармацевтски производи, полупроводници и финансиски услуги, а опаѓа извозот на патнички возила, камиони и автобуси.

Вредноста на увозот во август изнесува 314,3 милијарди долари, за 2,3 милијарди долари помалку од јули, се наведува на веб-страницата на оваа организација.

Најмногу падна увозот на мобилни телефони, полупроводници и електрични уреди, а во исто време се зголеми увозот на сурова нафта и на услуги поврзани со патување и транспорт.

Трговскиот дефицит на САД со Кина се намали за 1,3 милијарди долари на месечна основа на 22,7 милијарди долари, што е најниско во последните пет месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП