28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМали: третиот африкански производител на злато помеѓу 25 најсиромашни земји

Мали: третиот африкански производител на злато помеѓу 25 најсиромашни земји

mali

Западноафриканската држава Мали, која по војната интервенција на Франција се најде во центарот на вниманието на меѓународната јавност, иако богата со руди на злато, ураниум и дијаманти, спаѓа помеѓу 25 најсиромашни светски земји.

Бруто националниот приход по глава на жител изнесува 1.100 долари, економијата на оваа земја главно се темели на вадењето на злато, извозот на памук и земјоделски производи. Извозот на Мали со вредност од 2,5 милијарди долари годишно се состои од злато, памук и извоз на добиток.

Според податоците на Министерството за рударство, енергетика и водостопанство, Мали е третиот африкански производител на злато со седум големи рудници.

Освен тоа, во Мали се во тек и истражувањата за рудата ураниум, за која се покажа достапност во регионот Фалеа, на површина од 150 квадратни километри. Се претпоставува дека овој регион располага со околу пет илјади тони руда ураниум.

Во Мали, освен истражувањата за злато и ураниум, се спроведува и истражување за достапноста на дијаманти. Последните податоци говорат дека оваа земја е богата и со дијаманти.

Мали е земја која поседува многу природни богатства. Мали е богата и со боксит, манган и железо. А сеизмичките истражувања од 1970 година покажаа дека оваа земја располага и со значителна количина на нафта.

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП