8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈелен: САД се премногу зависни од Кина за критичните синџири на снабдување

Јелен: САД се премногу зависни од Кина за критичните синџири на снабдување

САД станаа премногу зависни од Кина за критичните синџири на снабдување, особено за производство на чиста енергија, и треба да ги прошират своите извори на снабдување.

Ова го изјави американската министерка за финансии Џенет Јелен.

Таа рече дека останува на ставот дека САД не сакаат економски да се одвојат од Кина, пренесува Ројтерс.

Јелен вчера истакна дека САД предолго стоеле додека другите земји ја граделе индустријата за полупроводници со огромни субвенции.

Таа изјави дека САД ќе се соочат со проблеми поврзани со националната безбедност доколку немаат силен сектор за производство на полупроводници и додаде дека законот донесен минатата година ќе помогне да се спречи тоа да се случи.

„Се залажуваме себеси ако мислиме дека напуштањето на производството на полупроводници е паметна стратегија за САД“, рече Јелен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП