1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонците почнаа да плаќаат 30 отсто поевтин роаминг во ЕУ, од 2028...

Македонците почнаа да плаќаат 30 отсто поевтин роаминг во ЕУ, од 2028 година цените ќе бидат исти како дома

Договореното намалување на трошоците за роаминг е веќе во сила и Македонците што патуваат надвор од државата имаат 30 % намалени трошоци. Министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, вели дека се договориле термини за целосно намалување на цените на услугите во роаминг и нивно изедначување со домашните цени на услуги од телефонските оператори.

„Од 1 октомври стапи во сила договорот помеѓу операторите на Европската Унија и операторите од Западен Балкан за намалување на цените на роаминг-податоците во склоп на процесите на Европската Унија. Тоа значи дека нашите граѓани и бизнисмените од Република Северна Македонија, кога ќе одат надвор, веќе имаат 30 % помали трошоци за роаминг и обратно, граѓани од Европската Унија ќе имаат 30 % намалени трошоци за роаминг. Исто така, мапиравме активности, кои предвидуваат уште едно намалување во 2026 година за 30 % и се очекува во 2028 година цените за роаминг да бидат исти како цените на тие услуги што ги има на домашниот пазар. Тоа значи дека во 2028 година ќе имаме исти цени и во и надвор од државата“, рече министерот Алиу.

Тој очекува следниве денови операторите да излезат со конкретни понуди и пакети што ќе им ги понудат на корисниците.

Намалувањето на цените за услуги во роаминг меѓу Европската Унија и Западен Балкан беше предвидено со декларација потпишана самитот ЕУ – Западен Балкан во декември 2022 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП