3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата во Турција во септември повторно скокна на 61,5 отсто

Инфлацијата во Турција во септември повторно скокна на 61,5 отсто

Годишната стапка на инфлација во Турција скокна трет пат по ред во септември, на 61,5 отсто од августските 58,9 отсто, објави Турскиот институт за статистика – Туркстат.

Како што е наведено на веб-страницата на оваа организација, во септември најмногу пораснале цените на услугите во хотелите, рестораните и кафулињата на годишно ниво – за 92,4 отсто, како и цените во секторот образование – 80,9 отсто и здравствениот сектор – 79,8 отсто.

Најмалку пораснале трошоците за домување – за 20,1 отсто, облеката и обувките за 32,5 отсто, како и во областа на комуникациите – за 46,6 отсто.

На месечно ниво цените се зголемени за 4,75 отсто во однос на август.

На почетокот на септември Турција објави среднорочна економска програма од 2024 до 2026 година, во која се предвидува инфлацијата да биде 65 отсто на крајот на оваа година.

Оваа програма предвидува дека инфлацијата во Турција ќе падне на 33 отсто во 2024 година, а на 15,2 отсто во 2025 година, додека на крајот на 2026 година би требало да биде 8,5 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП