28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРетко се наоѓа ем вкусно ем евтино сирење – цените скокнаа за...

Ретко се наоѓа ем вкусно ем евтино сирење – цените скокнаа за сите пари!

Сирењето е една од најомилените намирници на Македонците, но во последно време тоа станува луксуз за многумина.

Како што дознава Денар, цената на еден килограм овчо сирење сега изнесува 550 денари, што е зголемување од 57% во споредба со ланската цена од 350 денари за килограм.

Ова поскапување не го заобиколува ниту сирењето што се купува директно од произведувачите, кои велат дека тоа е резултат на инфлацијата и скапотијата што ја зафати земјава во последната година.

„Сè е поскапо: транспортот, амбалажата, струјата, водата… Немаме избор освен да ги зголемиме цените на нашите производи, за да можеме да опстанеме”, вели Петар Трајковски, производител на сирење од Велешко.

Тој вели дека годишно продава над 1.000 канти со сирење, па како што вели, досега не забележал намалување во побарувачката и покрај поскапувањето.

„Луѓето знаат какво сирење е нашето и дека вреди за сите пари. Јас преку целата година живеам на бачило заедно со овците, а се симнувам в село само кога е сезона за продажба на сирењето, обично наесен. Можам слободно да кажам дека годишно продаваме над 1.000 канти со сирење. Сирењето го продаваме во канти од 10 до 14 килограми, па секој може да си купи толку сирење колку што му е потребно. Работам само со нарачки од година за година. Сега, на пример, немам ниту една канта со сирење која е слободна за продавање. Сите ми се ветени уште од лани“, објаснува Трајковски.

Но и покрај ова поскапување, потрошувачите не се откажуваат од своето омилено сирење.

„Јас веќе шеста година по ред купувам канта сирење од истиот производител од Велешко. Тоа е најдоброто сирење што го имам пробано во животот. Па и покрај тоа што цената скокна за скоро двојно од ланската, сепак сирењето вреди за сите пари”, вели Горан Стоилов, скопјанец кој редовно го впишува своето име во тефтерот на Трајковски.

Според статистичките податоци, потрошувачката корпа на просечното македонско домаќинство вклучува околу 1 килограм сирење месечно.

Сирењето е извор на протеини, калциум и други витамини и минерали, но исто така може да содржи и висок процент на маснотии и холестерол. Затоа, експертите препорачуваат умерена консумација на сирењето, особено за лица со здравствени проблеми.

Б.З.М.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП