10 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНе претерувајте: Еве што може да ви се случи ако јадете премногу...

Не претерувајте: Еве што може да ви се случи ако јадете премногу јајца

Несомнено е дека јајцата имаат многу придобивки, но како и со секоја храна, треба да внимавате на количината на конзумирање и да не претерувате.

Јајцата имаат многу здравствени придобивки, како што се помагање во управувањето со тежината, подобрување на здравјето на очите и обезбедување на различни хранливи материи, од протеини до омега-3 масни киселини.

Сепак, еве што може да се случи ако јадеме премногу јајца.

Запек

Јајцата имаат многу протеини, но не и влакна кои го помагаат варењето. Недостатокот на влакна доведува до запек, па затоа се препорачува да се јадат во комбијација со храна богата со растителни влакна, како спанаќ и домати.

Акни и мозолчиња

Акните се предизвикани од високо ниво на хормонот прогестерон, кој е присутен во јајцата. Значи, ако одеднаш забележите акни на вашата кожа, можеби ќе сакате да следите колку често консумирате јајца.

Надуеност

За некои јајцата се идеален појадок, но не и за оние кои се чувствителни на нив. Чувствителноста на јајцата се манифестира со надуеност и гасови. Нетолеранцијата на јајца значи дека не можете правилно да сварите одреден елемент во јајцето или дека можеби немате одреден ензим во вашето тело што може да го разложи. Ова не само што ве прави подуени, туку може да почувствувате и стомачна болка, главоболка и напнатост.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП