4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГаспром: Европскиот енергетски систем е нестабилен

Гаспром: Европскиот енергетски систем е нестабилен

Европскиот енергетски систем во моментов е нестабилен и може да се соочи со проблеми и недостиг, тврди рускиот енергетски гигант Газпром.

„Системскиот дефицит на енергетски производи не исчезна, што се манифестира не само во повисоките цени во однос на годините пред пандемијата на корона вирусот, туку и во стабилното контанго“, велат високите менаџери на Гаспром, Сергеј Комлев и Александар Шапин, пренесува Ројтерс.

Како што е наведено од investopedia.com, контанго значи ситуација во која фјучерс цената на стоката е повисока од очекуваната спот цена, што сигнализира дека цената на оваа стока ќе расте во иднина.

„Ваквото движење на цените значи дека, според учесниците на пазарот, системот за енергетска безбедност во Европа, изграден во вонреден режим, е нестабилен и се соочува со нови предизвици“, заклучуваат менаџерите на „Газпром“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП