Продолжува периодот на лошо расположение на пазарот на криптовалути, таканаречената „крипто зима“, бидејќи инвестициите во веб 3 стартап компании повторно паднаа во третиот квартал во однос на претходниот квартал.
Како што објави порталот Tech Crunch, стартапите кои развиваат веб 3 технологија собрале инвестиции во износ од 1,3 милијарди долари во третиот квартал, што е пад во однос на две милијарди долари што се собрани и во првиот и вториот квартал од оваа година.

