9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОВА Е НАПАЃАЧОТ ОД БАНГКОК: Момчето(14) е уапсено откако убил три лица...

ОВА Е НАПАЃАЧОТ ОД БАНГКОК: Момчето(14) е уапсено откако убил три лица во трговски центар

Тајландската полиција соопшти дека момче (14) било уапсено по пукање во трговски центар во Бангкок.

Службите за итни случаи соопштија дека најмалку три лица се убиени, а три други се повредени во пукање во трговскиот центар „Сиам Парагон“. Тајландската телевизија PBS јави дека пет лица се ранети.

Полицијата објави и фотографија од апсењето на тинејџерот, а објавено е и видео од безбедносната камера на кое се гледа како се предава.

Непроверените видеа објавени на социјалните мрежи покажуваат луѓе, вклучително и деца, како трчаат низ вратите на трговскиот центар додека обезбедувањето ги придружувало надвор.

Премиерот Срета Тависин на Твитер напиша: „Свесен сум за пукањето во Сиам Парагон и и наредив на полицијата да истражи. Најмногу сум загрижен за јавната безбедност“.

Вооружените напади се вообичаени во Тајланд. Поранешен полицаец уби 22 деца во дневен центар минатата година во напад со пиштол и нож, додека во 2020 година војник застрела и уби најмалку 29 луѓе и рани 57 во дивеење што се прошири на четири локации во источен Тајланд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП