3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПо граѓанската и зелената обврзница, ќе следуваат и проектни обврзници, најави Бесими

По граѓанската и зелената обврзница, ќе следуваат и проектни обврзници, најави Бесими

По граѓанската обврзница и зелената обврзница, за која денеска се одржа аукција, на пазарот на капитал ќе биде воведен уште еден нов финансиски инструмент проектната обврзница, најавува министерот за финансии Фатмир Бесими за регионалниот сајт SeeNews.

„Министерството за финансии планира да воведе нов инструмент на пазарот кој ќе биде наменет за финансирање инфраструктурни проекти, што е дел од новата стратегија за диверзификација на понудата на пазарот на капитал“, вели министерот Бесими.

Министерот додава дека новите проектни обврзници ќе претставуваат алтернативен начин за институционалните инвеститори за финансирање инфраструктурни проекти.

„Министерството за финансии во јули годинава издаде двегодишни граѓански обврзници во износ од 1,448 милијарди денари (23,6 милиони евра, со фиксна каматна стапка од 5% годишно, што е двојно повеќе од планираниот износ од 600 милиони денари. Министерството за финансии веќе подготвува втора емисија на граѓански обврзници“, посочи министерот за финансии и додаде дека ова е инструмент кој постојано ќе биде присутен на пазарот на капитал и ќе биде достапен за граѓаните.  

Голем интерес беше пројавен на денешната аукција за најновиот финансиски инструмент на пазарот – зелената обврзница. На аукцијата за првата емисија имаше побарувачка за скоро три пати повеќе, односно беше доставена понуда во износ од 1,635 милијарди денари. На аукцијата беа запишани зелени обврзници во износ од 10 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП