18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на невработеноста и во ЕУ и во еврозоната

Пад на невработеноста и во ЕУ и во еврозоната

Евростат известува за пад на невработеноста во еврозоната и во цела ЕУ во август во споредба со јули.

Во осмиот месец, сезонски приспособената стапка на невработеност во еврозоната беше 6,4%, што е намалување од 6,5% во јули (првично пријавени на 6,4%) и намалување од 6,7% забележани во август 2022-ра година.

Стапката на невработеност во ЕУ беше 5,9% во август 2023-та година, што е намалување за 0,1 процентен поен во однос на јули. Во август 2022-ра година, стапката на невработеност беше 6,1%.

Евростат проценува дека 12,837 милиони луѓе во ЕУ, од кои 10,856 милиони во еврозоната, биле невработени во август 2023-та година. Во споредба со јули 2023-та година, невработеноста е намалена за 112 илјади во ЕУ и за 107 илјади во еврозоната. Во однос на август 2022-ра година, невработеноста е намалена за 335 илјади во ЕУ и за 407 илјади во еврозоната.

Најниско ниво е стапката на невработеност има во Чешка (2,5%), Малта (2,7%), Полска (2,8%), а највисоко е во Шпанија (11,5%), Грција (10,9%) и во Шведска и Естонија (7,6%).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП