1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБрегу: Роамингот за граѓаните од балканските земји кои патуваат во ЕУ е...

Брегу: Роамингот за граѓаните од балканските земји кои патуваат во ЕУ е понизок за 99 отсто

Генералната секретарка на Советот за регионална соработка (RCC), Мајлинда Брегу, потврди дека на првиот ден од октомври паднале цените за роаминг за граѓаните од балканските земји кои патуваат во една од земјите членки на Европската унија.

„Застрашувачките трошоци за роаминг што ги придружуваа прекуграничните патувања служеа како остар потсетник дека дури и во нашиот хипер-поврзан свет, границите сè уште се важни. Но, на Самитот „ЕУ – Западен Балкан“, кој се одржа во Тирана на 6 декември 2022 година, беше постигнат значаен договор што ќе ја промени оваа парадигма“, рече Брегу.

Таа потсети како тогаш 38 телекомуникациски оператори од Европската унија и од Западен Балкан „ја ставија на хартија историската Декларација за роаминг, која го отвори патот за значително намалување на надоместоците за услугите за пренос на податоци во роаминг“, пренесува Фена.

„Да земеме, на пример, државјанин на Босна и Херцеговина, корисник на еден од операторите од таа земја, кој патува во Хрватска. Претходно, доколку не сте купиле еден од пакетите, цената на пренос на податоци за само еден мегабајт, колку што е тежината на фотографија или документ со среден квалитет, изнесувала неверојатни 2,09 евра. Тоа значи дека испраќањето на едно видео со среден квалитет од 1 GB би чинело 2.090 евра. Или, ако сте во Грција, тоа би било повеќе од 9.000 евра. Но сега, по намалувањето на цената, таа ќе изнесува само 0,017 евра за мегабајт, што претставува намалување за повеќе од 99 отсто“, објасни Брегу.

Таа додаде дека „употребата на еден гигабајт податоци во земјите на Европската унија повеќе нема да резултира со вртоглава сметка од која ќе ве боли глава; наместо тоа, нема да надмине 17 евра со вклучен ДДВ“. Ова не е промена која се однесува само на Хрватска, туку на сите земји од Европската унија, како и на Швајцарија, Турција и Велика Британија.

„Ова е вистинска промена и за граѓаните од овој регион и за нашите најблиски кои живеат во земјите на Европската унија. Тоа ги овластува и граѓаните на Европската унија и граѓаните на Западен Балкан да ги премостат растојанијата и претставува фундаментална промена во начинот на поврзување со Европа“, рече Брегу.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП