9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд полноќ бензинот поевтинува, дизелот поскапува

Од полноќ бензинот поевтинува, дизелот поскапува

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,25 % во однос на одлуката од 29.9.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,615 %, кај дизелот зголемување за 0,609 %, кај екстра-лесното масло има намалување за 0,821 % и кај мазутот намалувањето е за 0,998 %.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 0,178 %.

Од 3.10.2023 година, од 00.01 часот. максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

моторен бензин „евросупер БС-95“ – 86,00 (денари/литар)

моторен бензин „евросупер БС-98“ – 88,50 (денари/литар)

дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 86,00 (денари/литар)

масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 85,00 (денари/литар)

„мазут М-1 НС“ – 48,660 (денари/килограм)

Малопродажната цена на бензинот „евросупер БС-95“ се намалува 1,00 денар/л, а малопродажната цена на бензинот „евросупер БС-98“ се намалува 0,50 денари/л.

Малопродажната цена на „евродизелот (Д-Е V)“ се зголемува 0,50 денари/л.

Малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува.

Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се намалува 0,055 денари/кг и сега ќе изнесува 48,660 денари/кг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП