Време е да се укине плафонот на цената на руската нафта, вели колумнистот на Блумберг, Џулијан Ли. Тој е убеден дека овие ограничувања не им штетат на приходите на Русија, туку ги зголемуваат еколошките ризици.
„Вистината е дека тоа не функционира. И, за да бидат работите уште полоши, потребата да се натовари сè повеќе руска нафта во ‘рѓосани стари танкери ангажирани во ризични операции, како што е трансферот од брод на брод, ја зголемува веројатноста за еколошка катастрофа“, пишува авторот.

