24 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОва би можело да биде причина за нов "бум" на биткоинот

Ова би можело да биде причина за нов “бум” на биткоинот

Инвеститорите кои се обложија на златото во септември не успеаја, бидејќи вредноста на тој благороден метал падна за повеќе од четири отсто, а унца од 31,1 грама веќе во петокот се плаќаше за помалку од 1.950 долари.

Ова е најниската вредност во последните шест месеци. Криптовалутите се прилично тивки во последно време, при што биткоинот не може да направи значителен скок над 27.000 долари. Два фактори би можеле да имаат позитивно влијание врз цената на биткоинот (а со тоа и на пазарот на криптовалути) во иднина: преполовувањето и раѓањето на ETF-фонд на спот цена на биткоинот. Поточно, преполовувањето (наградата за изрударениот биткоин ќе се преполови следната година – од 6,25 на 3,175 биткоини) е историски гаранција за раст – во 2012 година, биткоинот доби 8000 проценти во годината по преполовувањето, во 2016 година, речиси 300 проценти, а во 2020 година повеќе од 500 проценти.

Позитивен ефект би имало и воведувањето на ETF-фонд на промтна цена на биткоинот (предвидувањата се добри), некои го споредуваат со првиот ETF-фонд на злато, кој почна да се котира на Њујоршката берза во ноември 2004 година. Во првите денови имаше прилив од повеќе од милијарда долари, а цената на златото достигна рекордна вредност следната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП