2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАДодатокот на Logitech за iPhone

Додатокот на Logitech за iPhone

kontroler nula

„Logitech“ во рамките на својата „G“ линија на производи подготви посебен додаток за сопствениците на паметните телефони на „Apple“.

Компанијата наскоро би требало да го претстави играчкиот контролер за моделите „iPhone 5“, „5S“ и „5C“, со кој треба да се овозможи поудобно играње на игри.

Контролерот има „D-pad“ од левата и четири класични копчиња од десната страна и плус по уште едно копче на горната страна (за двете раце) и копче за пауза.

kontroler12

На задната страна се наоѓа отвор за камерата, додека средината на контролерот е резервирана да се смести „iPhone“ уредот.

Со оглед дека „Apple“ од верзијата на оперативниот систем „iOS 7“ ќе поддржува различни играчки додатоци, па ваквите контролери на пазарот ќе ги има многу повеќе, а „Logitech“ е меѓу првите производители кој веќе има готов производ. Цената на овој додаток се уште не е позната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП