6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПросечна нето плата во Црна Гора – 799 евра

Просечна нето плата во Црна Гора – 799 евра

Според податоците на црногорскиот Монстат, просечната нето плата во август во Црна Гора била 799 евра.

Тоа е за 0,3 отсто повеќе во однос на јули и за 11,3 отсто повеќе во однос на истиот месец лани.

Просечната бруто плата во август била 995 евра.

„Ако се земе предвид дека потрошувачките цени во август во однос на јули бележат раст од 1,7 отсто, произлегува дека реалната заработка за истиот период бележи пад од 1,4 отсто“, објави Монстат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП