2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕдна третина од Европејците не штеди

Една третина од Европејците не штеди

shtedi1

Една третина од граѓаните на Европа нема заштеда, податоците покажуваат дека во Романија речиси една половина од анкетираните не штеди, а во Луксембург заштеда имаат девет од десет граѓани.

Резултатите од истражувањето, кои ги пренесе „ЕУобсервер“, укажуваат дека во 2012 година заштедите во Италија се намалени за 52 проценти, а во Шпанија за 47 проценти.

Истовремено, граѓаните на Турција и Велика Британија во последните 12 месеци биле во можност да заштедат повеќе отколку порано.

Најзадоволни од сумата која ја имаат заштедено се Холанѓаните и Германците, а најнезадоволни се Чесите, Италијанците и Шпанците.

Повеќе од две третини од испитаниците истакнале дека во претходната година не можеле многу да трошат на своето хоби, облека, активности, нега…

Во просек, повеќето Европејци сметаат дека би можеле да живеат од заштедата три месеци, изразено во проценти оваа група на луѓе изнесува 49 проценти, а 47 проценти го мислат спротивното.

Истражувањето опфати 14.000 возрасни луѓе од Австрија, Белгија, Чешка, Франција, Германија, Италија, Луксембург, Холандија, Полска, Романија, Словачка, Шпанија, Турција и Велика Британија.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП