4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВЕДНАШ ДА СЕ ПРЕКИНЕ: Кина испрати предупредување до Америка

ВЕДНАШ ДА СЕ ПРЕКИНЕ: Кина испрати предупредување до Америка

Кинеското Министерство за трговија силно се спротивставува на неодамнешното санкционирање на три кинески компании, додавајќи ги на листата на американски ентитети според таканаречениот Закон за спречување на принудна работа на Ујгурите.

Портпаролот на министерството рече дека потегот кој, како што рече, нема фактичка основа и транспарентност, е класична економска принуда, јави Танјуг, повикувајќи се на CCTV.

Тој рече дека нема принудна работа во Ксинџијанг, официјално Ујгурскиот автономен регион, кој се наоѓа на крајот од западна Кина, и додаде дека САД го поткопуваат просперитетот и стабилноста на регионот, кршејќи ги легитимните права и интереси на компаниите во Ксинџијанг и негативно влијае на човековите права на тамошните жители.

„САД веднаш треба да прекинат со ваквата погрешна практика. Кина ќе ги преземе неопходните мерки и доследно ќе ги штити законските права и интереси на кинеските компании“, рече портпаролот на Министерството.

Претходно оваа недела, истото министерство рече дека тврдењата на Вашингтон за присилната работа на Ујгурите во провинцијата Ксинџијанг се „огромна лага“ што го нарушува угледот на Кина и дека тие се сосема спротивни од фактите, и откако САД го ограничија увозот од уште три кинески компании , во обид да се елиминираат стоките од синџирот на снабдување на САД, за кои тврдат дека се производ на принудната работа на малцинството Ујгур во Кина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП