Google има серија на видео реклами наречени #BestPhonesEver и објавува ново видео честопати. Последното беше објавено синоќа на тема – страшна приказна. На видеото, телефонот Pixel на Google може да се види како кажува „страшни приказни“ за iPhone 15 на Apple, на што iPhone одговара: „Pixel, се плашам“.
Тогаш Pixel почнува да се извинува, а iPhone вели дека не се плашел од приказната, туку дека се плашел од иднината. Pixel го праша на што мисли. „Па, претстои големо лансирање, ќе привлечете многу внимание“, вели iPhone и продолжува: „Луѓето ќе зборуваат за вашите карактеристики на вештачка интелигенција и привлечен дизајн и ќе не споредуваат. Кој има подобра камера, кој има подобра вештачка интелигенција“.

