27 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОвие пет знаци на лицето непогрешливо укажуваат на замастен црн дроб

Овие пет знаци на лицето непогрешливо укажуваат на замастен црн дроб

Познато е дека замастен црн дроб се јавува поради складирање на дополнителни маснотии, а кај повеќето тоа не предизвикува никакви симптоми.

Замастен црн дроб генерално не е проблем, меѓутоа, неконтролираното таложење на маснотии на крајот може да доведе до оштетување на црниот дроб или цироза, според Клиниката во Кливленд.

Во такви случаи, последиците можат да бидат дури и фатални, па препознавањето на првите симптоми е исклучително важно.

Како што објаснуваат експертите, постојат неколку симптоми кои можат да укажуваат на замастен црн дроб, а некои од нив се појавуваат и на лицето. Тоа се:

-жолта кожа или очи,
-црвена кожа или еритем,
-розацеа,
-капилари на лицето,
-бледа кожа што може да биде знак за анемија.

Овие знаци не мора да значат дека личноста има проблеми со замастен црн дроб, но многу често може да укажуваат на тоа. Покрај овие симптоми, присутни се и хроничен замор, исцрпеност, нагло слабеење и болки во стомакот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП