7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИталија ја намали прогнозата за раст во 2023-та

Италија ја намали прогнозата за раст во 2023-та

Италијанската влада во заминување значително ја намали прогнозата за економски раст за следната година поради вртоглавото зголемување на трошоците за енергија, но проценува дека даночните приходи ќе ја подобрат состојбата на јавните финансии.

Оваа година, БДП-то ќе порасне за 3,3 отсто, процени Министерството за финансии во својот годишен економски и финансиски документ (DEF), благо зголемувајќи ја својата априлска проценка благодарение на силниот раст во првите шест месеци.

Во втората половина од годината БДП-то благо ќе падне, покажуваат проценките објавени во средата.

Прогнозата за следната година е намалена од 2,4 на само 0,6 отсто.

Министерството за финансии сега очекува половина процентен поен помал буџетски дефицит во оваа и следната година, од 5,1, односно 3,4 отсто од БДП-то.

Оценката за овогодинешниот јавен долг е намалена од 147 на 145,4 отсто од БДП-то. Во еврозоната само Грција има повисок јавен долг, изразен како дел од БДП.

Во 2023-та година треба да се намали на 143,2 отсто од БДП-то.

Инфлацијата во просек треба да биде 6,6 отсто оваа година и да се спушти на 4,5 отсто во 2023-та година.

Рекордно високата инфлација го намалува огромниот јавен долг на Италија, и покрај лошите прогнози за економијата, додека растот на цените на нафтата и гасот истовремено ги зголемува приходите од данокот на додадена вредност и акцизите.

Министерството во извештајот наведува и дека Италија досега успеала да потроши околу 21 милијарда евра од средствата на ЕУ за закрепнување од пандемијата. Дополнителни 170 милијарди и остануваат на располагање за инвестиции до 2026-та година доколку направи се што договорила со Брисел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП