4 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на американската економија од 2,1 отсто во вториот квартал на 2023...

Раст на американската економија од 2,1 отсто во вториот квартал на 2023 година

Американската економија порасна за 2,1 отсто во вториот квартал од 2023 година, се вели во третиот и последен извештај

Оваа бројка беше во согласност со очекувањата на пазарот, додека првиот извештај покажува пораст од 2,4 отсто, а вториот раст на бруто домашниот производ за 2,1 отсто.

Американската економија порасна за два отсто во првиот квартал од оваа година, јавува Anadolu Agency.

Тековниот доларски БДП скокна за 3,8 отсто, или 249,4 милијарди долари, по годишна стапка, во вториот квартал и достигна 27,06 трилиони долари, се вели во соопштението на Министерството за трговија.

Тековниот личен доход во долари се зголеми за 239,6 милијарди долари во вториот квартал, што е повеќе од претходната проценка од 232,1 милијарди долари, се додава во соопштението.

Личните заштеди изнесуваат вкупно 1,04 трилиони долари во вториот квартал, што е исто така нагорна ревизија од претходната проценка од 892,3 милијарди долари, соопшти агенцијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП