11 октомври, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАКинезите отидоа чекор понатаму со „Xiaomi 14 Pro“

Кинезите отидоа чекор понатаму со „Xiaomi 14 Pro“

„Xiaomi“ ги отстранува правните пречки пред лансирањето на новата серија „14“, а членот „Pro“ штотуку доби „3C“ сертификат.

Според спецификацијата, „Xiaomi 14 Pro“ ќе поддржува жично полнење од 120 W, исто како и неговите два претходници.

Сертификатот „3C“ (кинеска задолжителна сертификација) значи дека телефонот го поминал задолжителното тестирање и направил уште еден чекор кон достапноста на пазарот.

Веќе дознавме дека „Xiaomi 14“ доаѓа со полнење од 90 W, што е надградба во однос на серијата „13“, но очигледно реши да оди чекор понатаму за варијантата „Pro“, пренесува „GSM Arena“.

Серијата „Xiaomi 14“ се очекува да пристигне во ноември, неколку дена откако Qualcomm го објави својот чипсет Snapdragon 8 Gen 3, што треба да се случи на 24-ти октомври.

Кина го слави големиот шопинг празник на 11-ти ноември, наречен Ден на самците, а „Xiaomi“ сигурно дотогаш ќе сака да ги подготви своите „пердуви“.

Предводникот на компанија најверојатно ќе биде лансиран токму кога локалните купувачи се подготвени да потрошат повеќе од вообичаено, но меѓународното објавување може да се случи подоцна, бидејќи на претходната серија и требаа повеќе од 2 месеци за да премине од локално на глобално.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП