6 мај, 2024
ПочетнаСВЕТНАПАД НА СТЕЈТ ДЕПАРТМЕНТОТ: Кинески хакери украле 60.000 мејлови

НАПАД НА СТЕЈТ ДЕПАРТМЕНТОТ: Кинески хакери украле 60.000 мејлови

Еден од претставниците на американскиот Сенат изјави за Ројтерс дека кинески хакери успеале да украдат околу 60.000 мејлови од американскиот Стејт департмент.

На почетокот на оваа година, кинеските хакери веќе извршија слични напади, рушејќи ја платформата за е-пошта на Мајкрософт.

Овој пат, хакерите стигнаа до околу 60.000 мејлови и тие беа украдени од десет различни сметки на Стејт департментот. Овој случај дополнително предизвика тензии меѓу Кина и Соединетите Американски Држави, при што официјален Пекинг негираше дека има некаква врска со овие акции.

„Мораме да ја зајакнеме нашата одбрана од вакви и слични сајбер напади. Такво нешто не смее да се случи во иднина“, изјави во оваа прилика сенаторот Ерик Шмит.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП