2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКрипто берзата Binance престанува со работа во Русија: Го продадоа целиот бизнис...

Крипто берзата Binance престанува со работа во Русија: Го продадоа целиот бизнис без можност за откуп

Најголемата светска крипто берза, Binance, денеска објави дека го продаде целиот свој бизнис во Русија на компанијата KomEX (CommEX) без можност за откуп и дека со тоа престанува со работа во Русија.

Во соопштението се нагласува дека имотот на руските корисници во криптовалути е „безбеден и безбедно заштитен“, пренесува Комерсант.

Износот на трансакцијата не беше откриен, а процесот на префрлање на тековните клиенти на Binance на платформата ComEX ќе трае најмногу една година.

-Гледајќи кон иднината, разбираме дека водење бизнис во Русија не е компатибилен со стратегијата за усогласеност на Binance, изјави главниот директор за усогласеност на Binance, Ноа Перлман.

Во соопштението се наведува дека врз основа на овој договор, Binance целосно ќе престане да работи во Русија.

На 26 август Binance ги спречи руските граѓани да тргуваат со сите валути освен рубљата преку услугата Binance P2P, а на 6 септември двајца од врвните менаџери на Binance за бизнис во Русија, Глеб Костарев и Владимир Смеркис, објавија оставки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП