1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСветска банка: Економското вклучување на ЛГБТИ лицата би додало околу 360 милиони...

Светска банка: Економското вклучување на ЛГБТИ лицата би додало околу 360 милиони американски долари на годишниот БДП на Македонија и Србија

Политиките насочени кон зајакнување на социјалното вклучување на лезбејките, геј мажите, бисексуалците, трансродовите и интерсекс (ЛГБТИ) лицата би помогнале во изградба на поправедни и рамноправни општества и кои ќе бидат од корист за економиите на Северна Македонија и Србија, се вели во новите извештаи на Светска банка.

Според новото истражување, годишниот бруто домашен производ (БДП) на Северна Македонија и Србија би се зголемил во просек за 0,6 проценти доколку се намалат бариерите за влез на пазарот на трудот за ЛГБТИ лицата, кои се соочуваат со дискриминација поради нивната сексуална ориентација, родов идентитет и родово изразување и полови карактеристики. Елиминирањето на исклученоста во Северна Македонија и Србија би додадале дополнителни 64 милиони американски долари и 293 милиони американски долари на нивните економии, соодветно.

„За земјите да го постигнат својот целосен развоен потенцијал, вклучувањето е од суштинско значење. Пристапот до основните услуги и пазари и можноста да се живее достоинствен живот е темелна граѓа за успешен и одржлив развој“,вели Шиаочин Ју, директорка на Светска банка за Западен Балкан.„ Ова истражување покажува дека вклучувањето на ЛГБТИ не е само правилен избор, туку и паметна економија“.

Новите извештаи на Светска банка истакнуваат дека и Северна Македонија и Србија воведоа важни реформи кои ги штитат правата на ЛГБТИ. Сепак, ЛГБТИ лицата продолжуваат да се соочуваат со дискриминација и исклучување, при што ЛБГТИ лицата во Србија сè уште се со поголема веројатност да бидат економски обесправени споредено со општата популација, додека едно од седум ЛГБТИ лица во Северна Македонија сè уште се соочува со дискриминација на работното место при вработување, отпуштање и професионално напредување.

„Извештаите сугерираат дека намалување на стигмата и дискриминацијата на ЛГБТИ лицата може да има значително позитивно влијание врз економијата“, вели Клифтон Кортез, глобален советник за сексуална ориентација и родов идентитет на Светска банка. „За да се постигне тоа, потребно е спроведување на постојната правна заштита против дискриминација и понатамошно зајакнување на правната заштита на ЛГБТИ лицата во области како што се образованието, вработувањето и здравството“.

Во извештаите се забележува дека зајакнување на вклученоста на ЛГТБИ лицата бара акција за спроведување на клучните реформи договорени како дел од процесот на пристапување во Европската Унија. Потребни се повеќе напори и понатамошни истражувања за да се намали недостигот на податоци врзани за животните искуства на ЛГБТИ луѓето во различни сфери. Дополнително, поефективна имплементација на постоечките закони би можела подобро да ги заштити правата на ЛГБТИ лицата на пазарот на трудот, така што би се привлекол најдобриот можен талент и би се задржал на инклузивен начин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП