1 мај, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАПорака Нова оранизираше завршна конференција во рамки на проектот: Стоп за дискриминација...

Порака Нова оранизираше завршна конференција во рамки на проектот: Стоп за дискриминација за лицата со попреченост

Како врсничката едукација може да помогне во намалувањето на дискриминацијата? Предизвици со кои се соочуваат личните асистенти, како да се намали дискриминацијата и многу други прашања за инклузија на лицата со попреченост и намалување на дискриминацијата на истите се адресираа вчера на завршната конрефенција што се оддржа во Europe House Битола, во рамки на проектот Стоп за дискриминација за лицата со попреченост. На настанот беше оранизирана панел дискусија и презентација на добиените резултати од спроведената анкета, а свое излагање имаа:

Проф. Д-р Сашо Кочанковски, психолог и гешталт терапевт –  кој даде осврт на анализата која се направи по спроведената анкета  „Ајде заедно да ја намалиме и спречиме дискриминацијата“ која се направи на дел од учениците во овие 6 училишта кои беа опфатени со овој проект.
Иван Јовановски, ученик во СОЗУ „Кузман Шапкарев“ – сподели од своите искуства низ процесот додека се обучуваше за врснички едукатор.

Билјана Темелкова-Бејковска, образоваен асистент во OОУ „Св.Климент Охридски“ –  сподели околу проблемите со кои се соочуваат асистентите и напредокот кој го остварува училиштето каде што таа е ангажирана (основно училиште) во процесот на инклузија.

Анета Ѓоргиевска, логопед и советник во Општина Битола (раководителна одделение за Социјална Заштита) –  сподели за искуствата кои ги има Општината во насока на инклузијата која се спроведува и даде осврт на нужните препораки кои различни чинители во општеството (национални, локални, институционални) треба да ги следат за да се комплетира процесот на инклузија соодветно на потребите на децата со попреченост.

Марија Младеновска – Димитровска, психолог во СОУ „Таки Даскало“ – сподели искуства од работата со образовните асистенти во нејзиното училиште и напредокот кое нејзиното училиште го остварува во процесот на инклузија, како средно училиште со најголем број образоавни асистенти во Битола.

Во рамки на проектот се спроведоа неколку едукативни работлници, како и врснички едукации во основните и средните училишта во Битола, на кои учество земаа над 200 млади.
Целта на овој проект е да ја подигне свеста за постоењето на дискриминација во сите животни сфери од нашето општество и укажува на регулативите кои помагаат таа да се намалува во иднина. Проектот е поддржан преку мали грантови од програмата за антидискриминација на Македонски центар за меѓународна соработка – МЦМС финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Порака Нова во соработка со YMCA.mk.

Повеќе информации за проектот може да се прочитаат на овој линк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП