3 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗа научниците повеќе нема да има тајни

За научниците повеќе нема да има тајни

geni

Биолозите од Универзитетот во Цирих развиле метод за визуелизација активностите на генот во посебни ќелии. Методот е толку ефективен што научниците за првпат можат паралелно да проучуваат илјадници гени во десетици илјади човечки клетки, и сето тоа благодарение на спојувањето на робот, флуоресцентен микроскоп и суперкомпјутер.

Новата постапка е целосно автоматизирана и беше развиена од страна на тим од научници од Универзитетот во Цирих, предводен од проф. д-р Лукас Пелкманс.

– Кога гените стануваат активни, настануваат специјални примероци од молекули. Тие можеме да ги обоиме благодарение на роботот – вели Томас Стегер, член на тимот.

Тој додаде дека микроскопот во тој случај може да направи фотографии на примероци на молекули, и истите да се анализираат на суперкомпјутерот “Брутус”.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП