3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОваа држава добива сосема нов главен град! Вреди 50 милијарди и сѐ...

Оваа држава добива сосема нов главен град! Вреди 50 милијарди и сѐ уште нема име! (ВИДЕО)

Новиот главен град на Египет, кој сѐ уште не е именуван, почна да се гради пред осум години, а вредноста на работите кои започнаа во 2015-та година се проценува на 50 милијарди долари. Деновиве се објавени нови снимки од големо градилиште источно од Каиро.

Привременото име е Нова административна престолнина и тоа е само еден од неколкуте мегапроекти на владата на претседателот Абдел Фатах ел-Сиси. Новиот главен град, кој се наоѓа на 60 километри југоисточно од Каиро, се гради за шест милиони жители и е дизајниран да го намали сообраќајниот метеж и да ги реши другите инфраструктурни проблеми на пренаселениот Каиро.

Проектот е управуван од египетското Министерство за одбрана, а планот е да се консолидира седиштето на владата и да се премести во поконтролирано опкружување. Планирано е да се постават 6.000 камери. Се градат нов парламент, министерства и други владини згради, како и амбасади.

Во новиот град веќе се наоѓа највисоката зграда во Африка (иконската кула висока речиси 400 метри), огромна претседателска палата, десетици згради на министерства, училиште, болница, џамија… Завршувањето на работите е само на повидок, а египетската влада е длабоко во долгови.

Некои луѓе почнаа да се вселуваат, иако многу жители на Каиро велат дека не можат да си дозволат да живеат во новиот град. Новиот административен главен град се очекува да биде поврзан со Каиро со метро линија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП