3 мај, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАШилегов: Политичките партии станаа прибежиште на неспособниот дел од општеството

Шилегов: Политичките партии станаа прибежиште на неспособниот дел од општеството

Петре Шилегов во гостување на Телевизија Канал 5 вчера вечер изјави дека би било лошо државата да не ги започне преговорите за полноправно членство во ЕУ. Тој смета дека дневните наспроти стратешките политики ја одалечуваат земјата од евроинтеграцискиот процес.

„Не можеме да дадеме дневен политички признак ако Македонија не ги почне преговорите, кој е политичкиот кар. За што постојат политичките партии освен ако не се борат првенствено за интересите на граѓаните и на државата. Политичките партии станаа прибежиште на неспособниот дел од општеството, некадарни луѓе заради членство во партија доаѓаат на функции коишто никогаш не би ги заслужиле што како пракса почна да ни се спроведува од 2006 година. И за тоа во определени структури и во членството и кај граѓаните има незадоволство. Јас сум за тоа многу свесен“, рече Петре Шилегов.

Тој исто така рече дека партиите треба да се исчистат од партиски кариеристи за политиката да ја добие суштина која Македонија ја има загубено.

„Суштината на политиката е да се борите за идеја, а не за работно место“, вели Шилегов.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП