3 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕФосилизираните тела на вонземјани сè уште се мистерија

Фосилизираните тела на вонземјани сè уште се мистерија

Две мали, наводно нечовечки тела биле подложени на лабораториски тестови во Мексико. Тие поминаа низ магнетна резонанца и рендген.

„Ние навистина не знаеме колку е голем нашиот универзум“, вели Наташа Килибарда, научен комуникатор и новинар.

„Неодговорно е да се каже дека не сме отворени за идејата дека не постои некој вид на живот, но тешко е да се мисли дека вонземјаните се антропоморфни.

Интересно е што постои тесно верување во вонземјани, што на некој начин претставува модерна религија.

Со години спомнувањето на вонземјаните се чуваше како строга тајна, а денес има посебни и специјализирани емисии за нив.

Сега конкретно, се откриваат две наводни тела на вонземјани и се наведува дека со рендгенски преглед ќе се утврди нивната автентичност.

Во овој случај има многу контроверзии. Имено, мексиканскиот новинар и долгогодишен љубител на НЛО Хаим Мосанв верува дека 30 отсто од ДНК на овие два скелета е вонземска. Постои и теза дека се работи за антички мумии кои биле направени од човечки и животински остатоци покриени со кожа, за да изгледаат како вонземјани.

Сепак, истражувањата покажаа дека телата се едноделни, а не композитни.

НАСА е отворена за ова прашање, и сака да го истражува ова поле, но симптоматично е што овие примероци не се испраќаат за понатамошно истражување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП