24 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтопирана изградба на 60.000 станови - а недостасуваат повеќе од милион

Стопирана изградба на 60.000 станови – а недостасуваат повеќе од милион

Најголемата германска групација за недвижности Vonovia се откажа од изградбата на 60.000 станови, пишуваат германските медиуми.

Ролф Бух ја предводи најголемата германска групација за недвижнини. Неговата компанија во средата објави дека засега нема да гради 60.000 целосно планирани станови. Меѓу другото, виновни за овој потег се и високите трошоци за изградба. Ако ситуацијата се подобри, „сакаме веднаш да почнеме повторно да градиме“, вели Бух.

Најголемата германска групација за недвижности Vonovia вели дека засега се откажува од изградба на десетици илјади нови станови поради високите каматни стапки и трошоците за изградба, пишува магазинот Fenix.

Плановите во фиока

„Имаме планови за вкупно 60.000 станови во фиока“, изјави извршниот директор Ролф Бух за весникот на медиумската група „Функе“. „Подготвивме сè во согласност со градежните прописи. И се надеваме дека изградбата наскоро повторно ќе биде профитабилна. Сакаме веднаш да почнеме повторно да градиме“.

Од гледна точка на Бух, на Германија во моментов и недостигаат повеќе од милион станови. „Моја проценка е: ни требаат 700.000 станови годишно, исто така поради зголемената имиграција. Значи, проблемот не се милион станови, туку неколку милиони станови кои недостасуваат за многу краток временски период“.

Високи трошоци за изградба

Трошоците за изградба порано беа 3.000 евра за метар квадратен, а денес се 5.000 евра, додаде портпаролката на компанијата.

„Нашата просечна закупнина во постоечки недвижен имот е околу 7,50 евра за метар квадратен, каде што живеат многу луѓе со средни или ниски примања. Затоа внимаваме и на достапните кирии од околу 10 до 12 евра за нова градба“, се додава.

Високите трошоци за изградба и финансирање би значеле киријата во нова зграда да изнесува 20 евра за метар квадратен.

„Но, многумина повеќе не можат да си го дозволат тоа“, се вели во него.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП