4 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАiPhone 15 „ги покажа мускулите“ на тестот за брзина, ова се резултатите

iPhone 15 „ги покажа мускулите“ на тестот за брзина, ова се резултатите

А17 Про на Apple е многу брз чипсет, а сега тоа е потврдено и со Geekbench и AnTuTu тестовите.

Веројатно не е изненадување што во внатрешноста на iPhone 15 Pro и iPhone 15 Pro Max се најбрзиот мобилен чипсет засега, со комбиниран AnTuTu резултат од 1.641.883 поени.

За споредба, минатогодишниот A16 Bionic освои 1.474.011 поени, додека чипот M1 кој се наоѓа во MacBook на Apple беше за влакно оддалеченост со 1.754.456 поени.

Apple за време на неодамнешната презентација рече дека чипот A17 Pro нуди 20 проценти подобра графика во споредба со минатогодишниот A16 Bionic, додека AnTuTu покажува разлика од речиси 27 проценти. iPhone 15 Pro Max покажува и предност пред водечкиот Android Nubia Red Magic 8 Pro+ кој достигнува 1.632.859 поени.

A17 Pro исто така води во тестот за брзина на меморијата со резултат од 306.164.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП