4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија објави листа на земји кои можат да тргуваат на рускиот девизен...

Русија објави листа на земји кои можат да тргуваат на рускиот девизен пазар

Владата на Руската Федерација одобри список на повеќе од 30 пријателски и неутрални земји, банки и брокери на кои ќе им биде дозволено да тргуваат на рускиот девизен пазар, како и на пазарот на деривати.

Станува збор за владина наредба потпишана од рускиот премиер Михаил Мишустин, се наведува на веб-страницата на неговиот кабинет.

Во владините документи е наведена листа на такви земји, на која се: Азербејџан, Ерменија, Белорусија, Киргистан, Таџикистан, Туркменистан, Узбекистан, Алжир, Бангладеш, Бахреин, Бразил, Венецуела, Виетнам, Египет, Индија, Индонезија, Иран, Катар, Кина, Куба, Малезија, Мароко, Монголија, Обединетите Арапски Емирати, Оман, Пакистан, Саудиска Арабија, Србија, Тајланд, Турција и Јужна Африка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП