7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд денеска пониски цени на одредени прехрамбени производи

Од денеска пониски цени на одредени прехрамбени производи

На предлог на Министерството за економија, Владата на вчерашната седница донесе Одлука за посебни услови за трговија на одделни стоки, определување највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало, како и обврска на трговците да прибавуваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед.

Согласно одлуката, од денес за 10% се намалуваат цените кои што се применувале на 1 август 2023 година во трговија на мало на следните производи:

1) ориз бел, во пакување од 900 g до 1 кг;
2) брашно пченично тип 400 и тип 500;
3) бел и полубел леб, векна, индустриски тип 450 гр (цел и на парчиња), со исклучок на свежо печен леб во маркетите;
4) други пекарски производи;
5) бисквити „Petit Beurre” и бисквити обични и посни од 300 до 500 гр;
6) наполитанки, со фил од какао крем (обични, непрелиени) од 300 до 500 гр;
7) тестенини (макарони и шпагети од тврда пченица обични) без и со јајца од 500 гр;
8) јунешко месо без коски, од бут или некој друг дел;
9) свинско месо без коски, од бут или некој друг дел;
10) мелено месо свинско и јунешко;
11) пиле свежо или замрзнато (цело);
12) пилешки стек свеж или замрзнат;
13) чаен колбас (јунешки, свински и говедски) без додатоци и без слајс пакување;
14) пилешка посебна салама (без слајс пакување);
15) паштета од џигер и пилешка (без додатоци) во пакување од 95 и 100 гр;
16) трајно кравјо млеко (освен органско млеко и млеко со додатоци) со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, во пакување од 1 л;
17) јогурт од кравјо млеко обичен (без додатоци) со масленост од 2,8% до 3,2%, во пакување од 1 л и 1,5 л;
18) кисело кравјо млеко (обично, без додатоци) со масленост од 2,8% и 3,2%, во пакување од 300 до 500 гр;
19) павлака од кравјо млеко со масленост од 12% до 20%, во пакување од 180 или 200 гр ;
20) традиционално кравјо бело сирење и мешано бело сирење (без додатоци);
21) традиционален кравји и мешан кашкавал (без додатоци);
22) свежи јајца од кокошка;
23) свежо овошје и
24) свеж зеленчук.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП